Комплексот „Village Вања Камчев“ распишува оглас за вработување на рецепционер и хаусмајстор.
Работна позиција : Рецепционер
Камфуд дооел Скопје – Комплекс Вилиџ Вања Камчев Охрид
Хотел Вилиџ Охрид
Потребни квалификации:
- Средна или висока стручна спрема
- Одлично познавање на англиски јазик (како предност ќе се смета познавање и на други јазици)
- Одлично познавање на работа со компјутери MS Office (Word Excel, Power Point)
- Претходно работно искуство како рецепционер ќе се смета за предност
- Способност за работа во тим
- Лојалност и одговорност, темелност и исполнителност
- Одлични комуникациски вештини
- Познавање на работа со Booking.com, Airbnb.com, Trivago и социјални мрежи
- Претходно работно искуство како рецепционер ќе се смета за предност
Одговорности и работни задачи:
- Организирање и координирање на административната работа во рамките на приемниот дел
- Воспоставување контакти со гостите и клиентите
- Прием на гости, регистрација и давање потребни информации за хотелот и неговите услуги
- Водење сметка за навремено спроведување на сите обврски во рамките на прием и третман на гостите и клиентите
- Доделува соби на гостите кои пристигнуваат во хотелот
- Ги евидентира пристигнатите гости во книга за странски или домашни гости
- Врши евиденција на пополнетост на собите и на хотелот на софтвер за хотелско работење
- Праќа и прима резервации
- Наплаќа сметки (искуство со работа со пари и платежни картички)
- Се грижи за безбедноста на сите гости во хотелот
- Одговара на раководителот и на негово барање прави дневен извештај
- Да ја контролира работата на одделот за чистота
- Одговара на повици и на електронска пошта, резервира соби и праќа потврди за резервации на гости
Личен профил:
- Способност за тимска и самостојна работа
- Добри комуникациски способности, аналитичност и способност за активно решавање на настанатите проблеми
- Сериозен пристап кон зададените задачи
- Подготвеност за работа под притисок и куси рокови
- Лојалност, доверливост, чесност и флексибилност
- Способнот за добра организација и координирање со другите сектори
Компанијата нуди:
- Одлична работна средина и услови за работа
- Работно време: Полно работно време 40 часа неделно
Ако сте заинтересирани и сакате да бидете дел од нашиот тим и ги поседувате соодветните квалификации за оваа работна позиција, Ве молиме доставете кратка биографија лично во Хотел Вилиџ во Охрид или преку електронска пошта на email: [email protected]
Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во соодветната област.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на тел.046/251-621
Сите апликации ќе бидат разгледувани со најголема дискреција.
Работна позиција : Хаусмајстор за одржување
Камфуд дооел Скопје – Комплекс Вилиџ Вања Камчев Охрид
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование – електротехничар
- Практично познавање на електрични системи за згради и хотели
- Познавање на слабо-струјни електрични инсталации во згради
- Претходно работно искуство на иста позиција
- Возачка дозвола Б категорија
Одговорности и работни задачи:
- Редовно одржување и проверка на електричните системи во комплексот
- Отстранување на дефекти на електричната инсталација во комплексот
- Промена на светилки низ комплексот и надворешното осветление со користење на скали или платформа со висина од 4 метри
- Работа со електричен и рачен алат
- Води евиденција за извршените поправки и потрошениот материјал и доставува извештаи до претпоставениот
- Спецификација на потребен електроматеријал за набавка
- Евиденција на потрошувачката на електро енергија во комплексот
- Превземање на превентивни мерки и навремено реагирање за избегнување на дефекти и непречено одвивање на работата во комплексот (хотел, продавници, надворешно осветление итн.)
- Одржување на системот за ладење и греење
- Одржување на водоводната инсталација
- Браварски работи
- Столаро – занатски работи
Личен профил:
- Способност за тимска и самостојна работа
- Добри комуникациски способности, аналитичност и способност за активно решавање на настанатите проблеми
- Сериозен пристап кон зададените задачи
- Работа со компјутер
- Подготвеност за работа под притисок и куси рокови
- Лојалност, доверливост, чесност и флексибилност
Компанијата нуди:
- Одлична работна средина и услови за работа
- Работно време: Полно работно време 40 часа неделно
Ако сте заинтересирани и сакате да бидете дел од нашиот тим и ги поседувате соодветните квалификации за оваа работна позиција, Ве молиме доставете кратка биографија лично во Вилиџ Вања Камчев во Охрид или преку електронска пошта на email: [email protected]
Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во соодветната област.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на тел.046/200-479
Сите апликации ќе бидат разгледувани со најголема дискреција.
StrugaOnline
Facebook Коментари