Вечерва, во рамките на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт ќе одржи Гоце Стевковски Септет . Концертот ќе се одржи на сцената на Долни Сарај со почеток од 22:00 часот
Гоце Стевковски, низ годините се филтрира како еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти во Македонија. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, Леб и сол, Архангел, Ласт експедишн, Проект жлуст, ДНО, Коџабашија, Фолтин, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Шаревски Квартет, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен 7 Stories заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван Гоце Стевковски Септет.
Стевковски досега учествувал на голем број интернационални фесивали како што се Егзит, Пиво фест во Белград, Грин фест во Инџија, Загреб, Умбрија Џез Белград, Клузоне џез фестивал Италија, Париз – Франција и други фестивали низ Европа, настапи во Опера хаус Канада, има соработувано на голем број на проекти и работилници, театарски претстави и музика за филмови.
Facebook Коментари