Седмиот Интернационален фудбалски турнир „Фер Плеј Куп“ ќе се одржи од 11 до 13-ти август во Охрид

- Спорт
929

Интернационалниот фудбалски куп во организација на клубот „Фер Плеј“ од Охрид годинава по седми пат ќе се одржи во периодот од 11-ти до 13-ти август.

Годинава ќе се натпреваруваат деца во пет категории, од генерациите од 2004 до 2008 година, а рокот за пријавување е до 31-ви јули.

„Фер Плеј Куп“ е првиот турнир од ваков карактер во овој дел од Балканот.

Натпреварите ќе се играат на теренот при СРЦ „Билјанини извори“, а правдата ќе ја делат лиценцирани судии од ФФМ. Предвидени се награди за екипите од прво до четврто место, признанија за најдобриот голман,играч и стрелец во сите категории, како и двете најголеми индивидуални награди – МВП на турнирот и наградата „Петар Милошески“, за најдобар голман.

И оваа година дел од натпреварите ќе бидат пренесувани во живо на интернет.

Извор: ОхридПрес/Strugaonline

Фото: FB

Facebook Коментари