Центарот на заедницата на Општина Струга како дел од коалицијата Форум за граѓански дијалог организираше консултативна средба со граѓаните и граѓанските организации каде се дискутираше за проблемите и приоритетите од различни области во надлежност на локалната самоуправа (продолжение на активностите од 2021 година).

-Дискусијата се концентрираше особено во области како Јавните услуги (Водоснабдувањето и водата за пиење, дивите депонии и кучињата скитници) како и во локалната демократија (транспарентност на општината, информирање на граѓаните и партиципативно учество на граѓаните).-информираат од Центарот на заедницата.
Во текот на средбата според проценка на присутните беше пополнет прашалник за граѓански приоритети.
Ова активност се реализира од Коалицијата- Форум за Граѓански Дијалог и се подржува од Олоф Палме Интернатионал Центер и Шведската Влада.
Facebook Коментари