Кривична пријава за лице од Велешта поради вршење јавен превоз без лиценца

- Локални
213

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.И.(50) од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај извршена на 18.01.2023 година во соработка со сообраќаен инспектор од општина Струга, сопрено е такси моторно возило „Мерцедес“ кое, пријавениот го управувал. Притоа, полициските службеници констатирале дека истиот врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари