Кривична пријава заработи жител на Ново Село, ја оштетил водоводната мрежа во село Присовјани

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Џ.(49) од струшкото село Ново село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. Тој, на 10.07.2022 година, при извршување ископ на пат кај месноста „Кукуда“ во атарот на селото Присовјани, ја оштетил водоводната мрежа и предизвикал прекин во водоснабдувањето за жителите на селото.
Извор: СВР Охрид
