Гуру Харе и Игор Џамбазов ја претставуваат познатата ,,Заветна“ во блуз верзија!

- Музика
82

Познатата песна ,,Заветна“ од денеска  ќе имате можност да ја слушате во блуз верзија благодарение на обработката која ја направија Игор Аатанасовски-Харе и Игор Џамбазов.

-Ова е наше видување на легендарната – Заветна – испеана од Пепи Бафтировски. Кога по некоја случајност би се сретнале Пепи и Гери Мур, тоа би звучело вака…. –вели Харе.

Аранжманот  го изработи Харе, а покрај Џамбазов во снимањето учествуваа членовите на Гуру Харе бенд: гитара – Игор Атанасоски-Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски, а придружните вокали ги испеа Тамара Тодевска.

Од денеска , оваа верзија на ,,Заветна“ ќе ја слушате и на фрекфенцијата на Play radio.

Strugaonline

фото: архива

 

 

Facebook Коментари