Лев банер Десен банер

Kривична за лице од Драслајца, не почитувал мерки за самоизолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ј.Ф. од струшкото село Драслајца.

На 18-ти овој месец при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација. Тој, на 16-ти март на граничниот премин „Табановце“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Данска, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID-19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во селото Драслајца ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

error: