Филипче: Бројот на заболени до овој момент е 70, жената што е на апарати е во критична состојба

- Македонија
733

Бројот на заболени лица од Корона вирусот во Македонија до овој момент е 70 -информираше министерот Филипче на прес-конференција во 15:00 часот.

Помеѓу трите нови случаи, една од пациентите е баба на заболеното девојче од Штип, друга била во Србија и има еден заболен од Скопје.

Досега, заболени од КОВИД 19 има во градовите Скопје, Гостивар, Дебар, Штип и Охрид.

Филипче информираше за состојбата на сите заболени пациенти, и истакна  дека жената која е вклучена на респираторна машина синоќа влегла во критична фаза.

„Сите пациенти се релативна стабилна слика, лесна до средна. Пациентката на респираторната машина останува, и во крајните доцни часови синоќа влезе во многу критична фаза. Се прават сите напори да се врати ситуацијата во стабилна“, изјави Филипче.

Филипче апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките бидејќи и податоците од СЗО говорат дека бројот на заболени на светско ниво рапидно порасна на 250 000.

Тој додаде дека стравот во ваков период е нормална емоција, но дека доколку прерасне во паника може да биде само штетен.

Министерот најави дека на денешната Владина седница ќе предложи заострување на одредени мерки.

Strugaonline

Facebook Коментари