Кривична за охриѓанец – со туѓа картичка подигнал над 30 илјади денари

- Локални
406

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишниот К.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

-На 27-ми март 2020 година, од 67-годишен охриѓанец тој одзел банкарска картичка која ја искористил преку пост терминали во повеќе трговски објекти. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 34.366 денари, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари