Крводарителска акција утре во Струга

- Локални
271

Црвен крст-Струга информира дека утре, 09.03.2023 година во период од 9:00 до 14:00 часот во Општата болница во Струга ќе се одржи крводарителска акција.

Од струшкиот Црвен крст ги повикуваат сите хумани граѓани да учествуваат во крводарителската акција бидејќи крвта е незаменлив лек со кој се спасуваат и продолжуваат животи.

Facebook Коментари