Крводарителска акција во понеделник во Струга

- Локални
548

На 29-ти јуни ( понеделник) во Заводот за нефрологија во Струга ќе се одржи крводарителска акција.

„Се повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат својата хуманост и солидарност да ја искажат преку дарување крв. Крвта е незаменлив лек за спасување и продолжување на многу животи. “ – велат од Црвен крст- Струга.

Крводарителската акција ќе се одвива во период од 09:00 до 13:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари