Денеска се отвараат сите гранични премини без обврска за приложување на ПЦР тестови и изолација

- Македонија
457
Oд денеска во земјава целосно се отвараат сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.
Од среда, 1-ви јули ќе бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Од денеска се укинува и  забраната за организиран превоз.
Според одлуките на влада од денеска угостителските објекти можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа.
Од денеска се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, ќе можат да работат и во неделите.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари