КУД ,,Дримкол” – Вевчани ги започна концертните активности во Новава година.
Вчера во хотел,,Дрим”- Струга, членовите на „КУД ДРИМКОЛ“ ја отворија седмата меѓународна конференција во организација на Универзитетот ,,Евро-Балкан” – Скопје.
Истата тематски е посветена на „Идентитетите, културното наследство и туризмот како важни елементи на современото секојдневно живеење и фигури на глобалните процеси “. Учествуваат околу 60-на научни и стручни лица од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Азербејџан, Турција, Унгарија и Русија.
Организатори на настанот се Универзитетот „Евро-Балкан“ и Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија, во соработка со „MIRAS“ – Социјалната oрганизација за поддршка на изучување на културно наследство од Баку, Азербејџан, Селџук Универзиетот од Конија, Турција и Институтот за напредни истражувања од Косзег, Унгарија.
Strugaonline
Фото: КУД „Дримкол“ – Вевчани
Facebook Коментари