Екипите на Црвен Крст-Струга утре ќе бидат тука за капачите кои ќе скокаат по Светиот Крст

- Локални
817

Тимот на Црвен крст – Струга информира дека утре со своја екипа ќе биде тука за потребите на капачите кои ќе скокнат во студените води на реката Црн Дрим. Десеттина спасувачи во препознатливи униформи ќе стојат од двете страни на кејот на реката Црн Дрим, а ќе има и двајца искусни координатори. Од Црвен крст за Strugaonline велат дека според праксата од изминатите години, за среќа немало потреба од никакви интервенции и дека капачите ги следат препораките за да немаат никакви проблеми.

Од таму додаваат дека од превентивни причини и годинва ќе бидат тука и будно ќе следат што се случува.

Strugaonline

 

Facebook Коментари