КУД ,,Илинден“ после една година се врати на сцена, воодушевија со староградски народни носии од Струга

- Локални
1203

После пауза од една година поради состојбата со ковид 19, КУД ,,Илинден“-Струга синоќа се врати на сцена.

,, Настапивме во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ на свеченоста по повод 160 години од издавањето на зборникот на Браќата Миладиновци. Чувството беше неверојатно. Постоиме повеќе од триесет и пет години, а измината година моравме да паузираме. Повторно ја почувствувавме магијата на сцената и се вративме таму каде што припаѓаме. Нaстапивме со Староградскиот оркестар, девојките беа облечени во староградски народни носии од Струга кои се вистински раритет, а се новитет во нашето друштво. “- изјави за Strugaonline Љупчо Милошески, кореограф во КУД ,,Илинден“.

Со олабавувањето на рестриктивните мерки ова културно уметничко друштво се враќа на своите редовни проби во старите термини.

За сите детали околу пробите, членовите можат да се информираат на Facebook страницата на КУД ,,Илинден“

Strugaonline

 

Facebook Коментари