КУД ,,Илинден“ тргнува на голема Меѓународна турнеа

- Локални
897
КУД ,,Илинден“ ја најавува големата турнеја што ќе опфати три реномирани Меѓународни фолклорни фестивали. Истата ќе започне на 22-ри август на фестивалот  ,,Св. Јоаким Осоговски”  во  Крива Паланка, а ќе продолжи во Турција на ,,Фестивалот  на Килимот“ во градот Ушак и ,,Фестивал на победата“ во Афјонкарахисар.
-За време на оваа турнеја, на фестивалските вечери ќе бидат презентирани и ќе настапиме со седум кореографски постановки и сценски адаптации во оригинални и афтентични народни носии. Се надеваме дека и овојпат ќе бидеме достојни амбасадори на нашата Македонија пред светот. На овие фестивали во Турција настапуваме прв пат, но на турската публика сме и познати по претходни наши настапи на други фестивали сме одлично прифатени-изјави за Strugaonline, Љупчо Милошески, кореограф во КУД ,,Илинден“.
Пред оваа турнеа КУД Илинден имаше настапи за странските туристи на охридско-струшката ривиера и веќе учествуваше на меѓународни фолклорни фестивали во Крива Паланка, Гостивар и Будва – Р. Црна Гора.
Strugaonline

Facebook Коментари