Ласт Експедишн и Нино Величковски ќе бидат дел од музичката програма на Вевчанскиот карневал

- Локални
499
Во тек се подготовките за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал.
,,Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека но сигурно се крчка.  Ќе биде полна со македонска музика и легендарни музичари, почнуваме со објавување на дел од артистите.  Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн ќе настапат на 12-ти јануари, а легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино Величковски и кумановските тамбураши ќе настапат  на 13-ти јануари.  Спремајте СУРАТИТЕ и позитивната енергија !!!,,-велат организаторите.
Од Општина Вевчани и за оваа година најавуваат прекрасно издание со одлична програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители и учесници.
Strugaonline

Facebook Коментари