Лида Шерафатманд од Малта својата инспирација и дом ги најде во нашата Струга

- Локални
600

Првите 48 часа биле пресудни за уметницата Лида Шерафатманд од Малта да донесе одлука да се пресели во Струга. Инспирирана од природните убавини, Езерото, лебедите, планините…, токму од Струга ги слика најубавите дела, кои завршуваат како поштенски марки во Лихтенштајн и Кина. Ја сака Струга. Се грижи за природата, а неодамна покрена иницијатива за доделување месечна награда во висина од 100 евра, за лицата што ќе прикажат дека собрале најмногу отпад и исчистиле најголема јавна површина.

– Кога го видов Езерото и како лебедите си шетаат слободно, беше само по себе преубава глетка. Се раздвижив низ градот, едноставно ми се доапаѓаше мирисот во воздухот. Имаше некоја мекост и поетичност во него, од што срцето ми чукаше силно. Требаше да останам пет дена. Во рок од 48 часа одлучив дека сакам да се преселам тука. Третиот ден најдовме сместување, 4-тиот ден потпишав договор и петтиот ден заминав за Малта, се спакував и се вратив. И до ден денеска не се каам за мојата одлука. Среќна сум што сум тука-изјавила Лида Шерафатманд за nezavisen.mk

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор и фото: nezavisen.mk

Facebook Коментари