Лида Шерафатманд вечерва ќе ја промовира скулптурата посветена на најпознатото куче во Струга

- Локални
612

Меѓународната уметница Лида Шерафатманд со потекло од Малта, која веќе четири години живее и твори  во Струга, вечерва ќе ја промовира скулптурата на куче изработена од цемент во природна големина.

Станува збор за добро познато улично куче -женка која го доби името Медена. Нејзиниот ,,дом“ е десниот кеј на реката Дрим.  Таа ги преживеа сите кучешки неприлики, мила е и позната по тоа што ги штити стружани од агресивните скитници.

Во изјава за МИА, уметницата Лида раскажала дека инспирацијата за статуата со големина 120 на 60 центиметри и тешка 130 килограми, произлегла од лојалноста на Медена која ја придружувала Лида до нејзиниот дом во доцните ноќни часови.

Промоцијата е закажана за 20:оо часот во Мезебар ,,Кингстон“.

Strugaonline

Facebook Коментари