Денеска во 18:00 часот во паркот на поезијата во Струга ќе се одржи настан посветен на писателот Разме Кумбароски , ,,безРАЗМЕрни величини“
,,Во чест на богатото творештво и живот на Разме Кумбароски, ве покануваме на настан каде ќе ја споделиме и уживаме неговата голема љубов кон литературата. Да доживееме барем дел од тоа што Разме го остави зад себе: поезијата, есеите, мислите за животот; но и заедништвото и пријателствата кои секогаш ќе не’ облагородуваат. ,,-велат организаторите.
Настанот ќе биде исполнет со читање поеми и извадоци од есеите на Разме Кумбароски, а сликарот Трајче Воинов (TravoArt) во живо ќе ја наслика и овековачи емоцијата на настанот, уметничка слика и принт што ќе биде достапен за продажба.
Кумбароски почина на 11-ти ноември минатата година, поради компликации од корона вирусот.
Strugaonline
Facebook Коментари