Локален избор 2017: Ова се најинтересните искази и ставовите на партиите од општина Струга кои учествуваат на претстојните локални избори

- Локални
1398

(Скопје, 01.10.2017) – Алатката за информирање на гласачите „Локален избор“ (www.lokalenizbor.mk) седум дена по својата промоција е искористена од голем број на граѓани од различни општини во земјава. Повеќе од половина од граѓаните коишто одговориле на 20-те зададени искази се на возраст од 18-35 години и доаѓаат од различни општини во земјава.
Во текот на изминатата недела тимот на Локален избор ги посети сите општини на кои се фокусира алатката – Чаир, Аеродром, Струга, Росоман и Струмица – и ја презентираше алатката на повеќе од 500 граѓани. Покрај промоциите на штандови, Импакт направи презентации и во повеќе урбани заедници во Струмица како и со средношколци што имаат право на глас. Слични активности се планираат до 13 октомври во сите фокус општини.
За целите на алатката изминатиот месец беа повикани да се самокодираат вкупно 18 кандидат(к)и и политички партии, но од нив само 8 партии и кандидат(к)и одговорија на 20-те искази. Во сите општини, независно од самокодирањето на кандидат(к)ите, нашиот тим истражувачи направи кодирање на партиите според достапноста на јавни материјали и партиски документи.
Граѓаните одговарајќи со една од опциите на познатата Ликертова скала – со „целосно се согласувам“, „делумно се согласувам“, „ниту се согласувам, ниту не се согласувам“, „делумно не се согласувам“, „целосно не се согласувам“ или „без мислење“ – можат да ги споредат своите ставови со партиите, кандидатите или советничките листи.
Алатката Локален избор ќе биде достапна за граѓаните до крајот на изборните трки во петте општини кои се во фокус. Институтот за истражување – Импакт ќе објави анализа на податоците по завршувањето на изборите.
Алатката Локален избор ја креираше Институтот за истражување Импакт, со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија.

Ова се најинтересните искази  и ставовите на партиите од општина Струга  кои учествуваат на претстојните локални избори во однос на истите.
Во Струга од сите поканети партии кандидатите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и Алијанса на Албанците не се самокодираа додека останатите четири партии и/или кандидати одговорија на сет од 20 искази поднесувајќи докази за истите.
„Навременото прибирање на сметот, чистењето на улиците и јавните површини и обезбедувањето добро улично осветлување мора да бидат приоритет за локалната власт, дури и по цена на повисоки даноци.“
Со горенаведениот исказ целосно не се согласува кандидатот на партијата Алијанса на Албанците, делумно не се согласува кандидатот на БЕСА, додека делумно се согласуваат партиите ДУИ, ДПА, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и независниот кандидат Насто Палиоски.
Депонијата треба да се премести подалеку од градот. Со овој исказ целосно се согласуваат кандидатите на ДУИ, ВМРО ДПМНЕ и БЕСА, делумно не се согласува кандидатот на Алијанса на Албанците додека независниот кандидат Палиоски целосно не се согласува со овој исказ.
Сосема различни ставови имаат партиите во врска со исказот „Концесиите за плажите не смеат да се даваат на сметка на просторот потребен за слободно користење на граѓаните.“ Имено, партијата Алијанса на Албанците целосно се согласува, делумно се согласуваат БЕСА и независниот кандидат Палиоски, неодредени став има кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, делумно не се согласува партијата ДУИ додека целосно не се согласува партијата ДПА.

Извор: Институт за истражување – Импакт

Facebook Коментари