Лев банер Десен банер

Македонската филхармонија во четврток гостува во Струга

НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга ги поканува љубителите на класичната музика на концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 14 мај 2026 година со почеток од 19:00 часот.

Концертот ќе се реализира во просториите на НУЦК „Браќа Миладиновци“, а публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со врвна класична музика, емоции и безвременски музички дела.

Настапот ќе биде под диригентската палка на Бисера Чадловска, која важи за едно од препознатливите имиња на македонската музичка сцена.

Од установата информираат дека влезот за концертот е слободен, а настанот е отворен за сите љубители на уметноста и класичната музика.

Концертот се реализира во соработка со Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.

StrugaOnline

error: