Mакедонскиот филм „Лена и Владимир“ нa 2-ри декември пред охридската публика

- Локални
198

Одложената кино проекција на македонскиот филм „Лена и Владимир“ е закажана за 2-ри декември (сабота) во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“.

Проекцијата е од 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 150 денари. Оние кои купиле билет за проекцијата што беше одложена, ќе можат да ги искористат за оваа проекција на 2-ри декември.

-Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.-стои во описот на содржината на филмот.

Улогите ги толкуваат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а режисер е Игор Алексов.

Strugaonline

Facebook Коментари