Малолетник од Струга приведен поради кражба, одземените предмети се вратени на сопствениците

- Локални
762

Денеска (20.10.2022) во 09.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода малолетник од Струга.

-Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општин Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. Малолетникот е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор. За настанот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.-информираат од МВР.

Facebook Коментари