Сребро и бронза освоија македонските кикбоксери на Светското кикбокс првенство за деца, кадети и јуниори

- Спорт
301
Македонската кикбокс репрезентација со две медали се врати од ВАКО Светското кикбокс првенство за деца, кадети и јуниори што се одржа во Лидо Ди Јесоло, Италија.
-Репрезентацијата предводена од претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски и тренерот на репрезентацијата, Драган Атанасовски, составена од пет натпреварувачи: Јадранка Темелкова, Марија Димовска, Нелсон Узеир, Силвио Мировски и Панче Витанов, по серија победи и порази, во борба со светската младинска кикбокс елита успеа да освои две медали – сребо од Нелсон Узеир во – KL -89 J M и бронза од Јадранка Темелкова во LK -56 YJ F.-информираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
Во име на Агенција за млади и спорт  , на младите кикбоксери тој им додели благодарници и им посака да ги повторат успесите и во сениорска конкуренција.

Facebook Коментари