Манифестација „Ликот и делото на Тоше Проески“ денеска во ОМУ „Методи Патче“ -Охрид

- Локални
272

Денеска во 12:00 часот во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Ликот и делото на Тоше Проески“.

Настанот е во организација на училиштето и Спомен куќата „Тоше Проески“ од Крушево.

Ќе настапат хорот и оркестарот од музичкото училиште со обработки на песни од богатиот опус на Проески. Присутните ќе погледнат и документарен филм за Тоше, а ќе бидат презентирани и фотографии и облека.

Од училиштето информираат дека влезот ќе биде слободен.

Извор: Охридпрес

фото: архива

Facebook Коментари