Меѓународната уметница Лида Шерафатманд која живее во Струга, заедно со струшкиот уметник Милко Нестороски започнаа со доделување на нова награда за животна средина. Спојувајќи ги културата и екологијата,почнувајќи од овој месец, со професионален портрет ги наградуваат граѓаните на Струга кои чистат несоодветно фрлени отпушаци од цигари низ градот.
Прва наградена е Марија Стефаноска, која овој месец собрала најмногу отпушоци од цигари, а професионалниот портрет како награда за неа го изработи уметникот Милко Нестороски.
Наградата ќе се доделува следните 12 месеци.
Strugaonline
Facebook Коментари