„Медена земја“ на втори и трети октомври пред струшката публика!

- Локални
848

Најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“,„Медена земја“ (Honeyland), на втори и трети октомври ќе се прикажува во Центар за култура „Браќа Миладиновци “ во Струга. Почетокот е закажан за 19:00 часот. „Медена земја“ е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената! Режисери на филмот се  Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам…

Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“

Филмот е наменет за сите возрасти. Ценатата на билет е 100 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари