Осум културтно-уметнички друштва од Македонија и соседна Србија ќе настапат на 18-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост“ што утревечер во 20:00 часот ќе се одржи во Паркот на поезијата во Струга.
Според Љупчо Милошески, кореограф во КУД Илинден и дел од организацскиот тим, градот на мостовите и годинава ќе биде ,,мост” на различни култури и традиции.
– Годинава ќе може да уживаме во програмата подготвена од страна на домаќините, КУД „Илинден“, како и нашите пријатели од Вевчани, Кичево, Крива Паланка, Битола и две друштва од соседна Србија, -изјави Милошески за Strugaonline.
Toј додаде дека непосредно пред стартот на фестивалот, ќе има дефиле на учесниците низ струшката чаршија.
Фестивалот е во организација на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ поддржан од Министерството за култура и туризам и спаѓа во проекти од национален интерес.
Strugaonline
Facebook Коментари