Меѓународeн фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост” во среда во Струга

- Локални
425
Во Паркот на поезијата во Струга на 24-ти август (среда), од 20:00 часот ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост”.

Традиционално, манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното 17-то издание на фестивалот ќе учествуваат 8 фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот:
1.КУД „Илинден“ – Струга
2.КУД „Дримкол“ – Вевчани
3.КУД „Илинден“ – Демир Хисар
4.КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Р.Србија
5.КУД „Мислешево“ – Мислешево
6.КУД „Бисер“ – Кичево
7.ФА „Филиграни“ – Охрид
8.ФА “Ivan Goran Kovačić” Sisak – Хрватска
Оваа година ќе настапат околу 200 учесници кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.
Фестивалот е помогнат од Министерството за култура.

Facebook Коментари