Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост” ќе се одржи вечерва во Струга

- Локални
361

Вечерва со почеток во 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга  ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост”.

,,Традиционално, манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното 17-то издание на фестивалот ќе учествуваат 8 фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот:,, -информираат организаторите.

Љубителите на фолклорот ќе имаат можност да ги проследат настапите на .КУД „Илинден“ –Струга, КУД „Дримкол“ – Вевчани,  .КУД „Илинден“ – Демир Хисар,КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Р.Србија,  КУД „Мислешево“ – Мислешево КУД „Бисер“ – Кичево,  .ФА „Филиграни“ – Охрид, ФА “Ivan Goran Kovačić” Sisak – Хрватска.

Оваа година ќе настапат околу 200 учесници кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

Фестивалот е помогнат од Министерството за култура.

Strugaonline

 

Facebook Коментари