Meрко, Георгиевски и Ногачески потпиша заедничката изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро

- Локални
592
Градоначалниците на општините Струга, Охрид и Дебрца –Рамис Мерко, Константин Георгиевски и Зоран Ногачески потпиша заедничката изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро и ја ја потврдија подготвеноста да соработуваат во процесот на репрогласување на Охридското езеро за Споменик на природата.
– Веќе постигнуваме напредок во делот на заштита на Охридското езеро, како една од најрепрезентативните и меѓународно препознаени природни убавини во нашата држава. Неодамна овој напредок беше препознаен и од Комисијата на УНЕСКО, кога добивме дополнителен период да постапиме по нивните препораки и да ги завршиме започнатите активности. Токму студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско езеро и работата на Нацрт-Планот за управување, беше една од клучните активности со кои ние ја покажавме подготвеноста вистински да го заштитиме Охридското езеро – изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини додавајќи дека единствен начин да се постигне поставената цел е заедничкото, здружено делување на централната и локалната власт, воспоставување соработка и добра координација на локалните самоуправи.
-Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско езеро беше предадена на општините Струга, Охрид и Дебрца со цел усвојување од страна на нивните совети и формално доставување до министерството за животна средина и просторно планирање, за отпочнување на постапка за повтoрно прогласување на Охридско езеро за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата.-информираат од Општина Струга.
Директорот на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг објасни дека реномирани национални и меѓународни организации за зачувување, во последниве неколку години, водеа истражувања во и околу Охридското езеро, а собраните податоци се интегрирани во Студијата за валоризација за Охридското езеро.
Во рамки на настанот, беше изведено и примопредавање на Сертификатот на градоначалниците на општините Струга, Охрид и Дебрца, во кој е наведено дека Охридското езеро е внесено во светската Рамсарска листа на заштитени водни живеалишта.
Студијата за валоризација за Охридското езеро е изработена во рамките на GEF/UNEP STAR 5 проектот.
Strugaonline

Facebook Коментари