Утре ќе се одржи панел дискусија на тема ,,Дефицитарни образовни профили во Општина Струга“

- Локални
580

Центарот на заедницата на општина Струга организира панел дискусија на тема: ,, Дефицитарни образовни профили во Општина Струга“ , на  23-ти септември 2021 година (четврток) во 14:00 во хотел „Београд“ .

Дискусијата ќе се состои од три дела и тоа : Воведен говор и краток осврт на темата, Излагања од панелистите и отворена дискусија со присутните.

-На панел дискусијата сакаме да го отвориме прашањето за тоа што е актуелно на пазарот на трудот, кои се професиите кои се перспективни и барани, кад имаме дефицит од обучен и квалитетен кадар, а воедно и каде треба да го насочиме образовниот процес со цел продуцирање на кадар кој е подготвен и конкурентен. Исто така сакаме да дебатираме за тоа  како ЛЕСС Струга може да помогне или делува за насочување на образовниот процес кон пазарот на трудот.-велат од Центарот на заедницата на Општина Струга.

Центарот на заедницата на општина Струга го реализира настанот во соработка со Младинскиот културен центар – Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата” со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Strugaonline

 

Facebook Коментари