Мерко и директорите на училиштата: Ќе има потешкотии со новиот концепт за образование, но ќе се потрудиме на секое дете да му овозможиме следење настава без прекин

- Локални
446
На покана на министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска, денеска градоначалникот Рамис Мерко присуствуваше на онлајн состанокот на Зоом платформата, организиран од Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС.
Целта на состанокот беше дискусија за подготовките за имплементација на новите наставни програми во основно образование и организација на обуки за наставниот кадар.
-Иако градоначалникот и сите директори на основните училишта во Струга едногласно се согласија дека во спроведувањето на новите наставни програми ќе има многу потешкотии, како за одделенската настава така и за предметнат,а сепак ќе се потрудат да им обезбедат на сите деца услови за следење на настава без прекин.-информираат од Општина Струга
Од таму изразија надеж дека овој пилот проект ќе биде успешен затоа што, како што велат,  образованието е главна алатка за развојот на општеството.
Strugaonline

Facebook Коментари