ЈЗУ Општа болница-Струга доби значајна донација-санитетско амбулантно возило

- Локални
837

ЈЗУ Општа болница-Струга доби несекојдневна донација-санитетско амбулантно возило за итна медицинска помош преку Фондацијата за развој на образование и култура-Албиз.

Oд болницата упатија благодарност до донаторите- станува збор за четиринаесет угледни фирми од Струга, Ливада, Велепта, Лабуништа, Подгорци, Мислешево и Сарај.

Со оваа донација дополнително се зајакнуваат капацитетите за транспорт на пациенти и се овозможува побрз и полесен пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено кога станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење.

-Изразуваме јавна благодарност, посебно во овие Ковид-19 услови со кои се соочуваат граѓаните, каде што потребата е уште поголема, за покажаната висока општествено-одговорна свест и посветеноста за добивање на санитетско возило.Ви благодариме на хуманоста. -стои во објавата од струшката болница.

Strugaonline

Facebook Коментари