Мерко и Истрефи влегоа во втор круг од локлалните избори
Според конечните резултати што ги објави Државната изборна комисија, во првиот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник од ДУИ, Рамис Мерко освои 40,50% од гласовите односно 10.956 гласови, кандидатот Идри Истрефи од Алијанса за Албанците освои 34,82% од гласовите, односно 9.421 глас. Ова се двајцата кандидати кои во вториот круг ќе се борат за победа.

Излезноста во Струга беше 44,04% односно од вкупно 61.437 гласачи на избирачкиот список, на гласање излегле 27.054 гласачи.
Извор: ДИК

