Градоначалникот на Струга, г-дин Рамис Мерко, ги пречека претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на работна средба поврзана со проектот ,,Градиме нови мостови“. Градоначалникот ги информираше претставниците на ОБСЕ за процесот што се одвива во образовните институции во Струга. Воедно, гостите на средбата детално го објаснија проектот.

-По средбата со градоначалникот, се одржа работна средба и со директорите на основните и средните училишта, но и со градинката, на која беа презентирани потребните активности за аплицирање во овој проект. Всушност, проектот има за цел да создаде нов циклус на активности во интегрираното образование, за основните и средните општински училишта, но и за градинките и за педагошките факултети.-информираат од Општина Струга.
Во оваа насока, тимот на проектот,,Градиме нови мостови“ од областа на образованието ќе организира средби со различните образовни институции за грантовите што ќе се доделуваат, но и за критериумите (условите) со кои ќе може да се аплицира. Овој проект е насочен кон организирање на заеднички часови меѓу учениците кои учат на различни јазици, но според начелата на меѓуетничка интеграција во образованието. Овој проект е поддржан и ќе се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.
Strugaonline
Facebook Коментари