Мерко оствари средба со претставник на Светска банка, во план се големи инфраструктурни проекти

- Локални
389
Претставник од Светска Банка, консултантот за туризам  Витали Геворкјан оствари средба со градоначалникот на Општина Струга, по проверка на теренските активности за проектот на шеталиштето покрај езерото.
“Реализацијата на овој проект ни дава задоволство и дефинитивно е поттик за други проекти во иднина и секако дека меѓусебната соработка помеѓу Светска Банка и Општина Струга ќе продолжи“ – рече г. Геворкјан.
Градоначалникот Мерко изрази благодарност за оваа соработка и вети дека во наредните години во нашата општина ќе се реализираат и други големи инфраструктурни проекти.

Facebook Коментари