Мерко по повод Светскиот ден на толеранцијата:Секојдневно се залагаме Струга да биде пример за толеранција и заедничко живеење

- Локални
339

Денеска се одбележува Светскиот ден на толеранцијата. По тој повод порака испрати градоначалникот на Струга, Г-дим Рамис Мерко.

,,Kако градоначалник на општина во која се живее во едно мултикултурно, мултиетничко но и општество кое сака да се развива со светските трендови би сакал да се почитуваме меѓу себе и да сме толеранти. Универзалната дефиниција за толеранција преставува почитување, прифаќање и уважување на богатствата од различности во светските култури и таа е форма на изразување и начин да бидеме луѓе. Толеранцијата подразбира волја и способност да се прифати и да се дозволи различноста, било да се работи за разликите во политичките уверувања, верските и расните уверувања, или пак за разликите меѓу половите. Секојдневно се залагаме Струга да биде пример за толеранција и заедничко живеење.-напиша Мерко.

Во 1996 година со прогласувањето на 16 ноември за  Светски ден на толеранцијата, УНЕСКО обрна внимание на бројни меѓународни акти кои се однесуваат на човековите права, вклучувајќи ги и бројните конвенции што ги потпишаа земјите членки на Обединетите нации: Конвенцијата за граѓански и политички права, Конвенцијата за елиминирање на сите облици на дискриминација на жените, Конвенцијата за спречување на расната дискриминација, Конвенцијата за спречување и казнување на злосторствата од геноцид и други.

Во универзалната дефиниција, напишана од страна на УНЕСКО, толеранцијата претставува почитување, прифаќање и уважување на богатствата од различности во светските култури и таа е форма на изразување и начин да бидеме луѓе. Толеранцијата подразбира волја и способност да се прифати и да се дозволи различноста, било да се работи за разликите во политичките уверувања, верските и расните уверувања, или пак за разликите меѓу половите.

Facebook Коментари