Методија Анѓелкоски од Вевчани е победник на првото Општинско првенство во шах ,,7-ми ноември“

- Локални
729

Методија Анѓелкоски од Вевчани е победник на првото Општинско првенство во шах ,,7-ми ноември“ што се одржа во Охрид.

На првенството, учество зедоа 23 шахисти од Општините Охрид и Дебарца,  а турнирот се одржа во просториите на ООУ Братство Единство Охрид.

Се играше во 9 кола Швајцарски систем со темпо на игра 10 мин + 5 сек на секоја потег.  Најуспешен беше Методија Анѓелкоски со освоени 7 поени од 9 партии, второто место го освои Константин Лушески со 6,5 поени, а третото место Јана Анѓелкоска исто така со 6,5 поени.,, -информираат од шаховскиот клуб ,,Ласкер“ од Охрид.

Турнирот се играше во чест на одбележувањето на ослободувањето на Охрид, од ,,Ласкер“ изразија надеж  дека турнирот ќе прерасне во традиција и дека истиот ќе се одржува секоја година.

Strugaonline

фото: Шаховски клуб ,,Ласкер“

Facebook Коментари