Минатата година во Струга се затвориле 154 фирми
Минатата година била лоша за 4.330 фирми во државава, чии сопственици барајќи излез, се определиле за катанец. Од нив во во Струга згаснале 154, а во Охрид 147.

Меѓутоа, во споредба со двете години пред тоа, 2023 и не била до толку критична, секако, доколку се цени според згаснатите фирми. Па, од податоците на БизнисМрежа.мк може да се согледа линијата на пад. Во 2021 биле затворени 6.993, а во 2022 – 6.857 фирми.
На топ 5 листата се истите градови кои фигурирале и во 2022, со тоа што на четвртата и петата позиција има промена – лани редоследот бил Гостивар, па Куманово, а преклани обратно. Но, значајно е што бројките се пониски. Битола загубила 263 фирми, додека во Тетово клучот бил решение за 248 фирми. Во Гостивар состојбата е 198 затворени фирми, а на петото место од оваа неславна листа е Куманово со затворени 182 фирми (340 во 2022).
Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се и Прилеп – 174, Струмица – 133 и Велес – 110.
Целата анализа е достапна на ЛИНКОТ.
извор. Пари.мк
фото: архива

