Викендов во Охрид изложба на црно бела фотографија и графички дизајн

- Локални
90

Во петок и сабота (15-ти и 16-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи изложба на црно бела фотографија и графички дизајн.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ги погледнат делата на Димче Коруноски, Димче Мајкоски и Слободан Циклевски.

Делата ќе бидат поставени во изложбениот салон. Отворањето на изложбата е закажано во 18:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари