На 09.09.2018 година со почеток во 18.00 часот ќе се одржи јавен настан – трибина со Радмила Шеќеринска – Министер за одбрана на РМ. Настанот ќе се одржи на платото пред НУ Дом на култура „Браќа Миладиновци“ Струга.
Целта на средбата е да се информираат граѓаните за придобивките од членството во НАТО и Европската Унија и официјално да се назначи почетокот на кампањата за референдумот.
„Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избираше иднина. Денес сме горди на Илинден, на АСНОМ и на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Сега треба да го направиме следниот чекор. Ова е историска можност и секој од нас треба да излезе и да донесе одлука. Иднината е сигурна, неизвесноста е минато. Ние избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во НАТО и ЕУ. Не сакаме да останеме заглавени во неизвесност, ризик и изолација.
Членството во НАТО и ЕУ гарантира: повисоки приходи за граѓаните; поголеми инвестиции и нови работни места; поголем и стабилен пазар за домашните фирми; економски развој и подобар живот на сите наши граѓани и за сите наши деца ; сигурност и безбедност на граѓаните и заштитата на државните граници; правна држава, добро управување и поголема граѓанска контрола врз власта; држава во која владеат редот, законот и европските правила. Развојот на Македонија можеме да го постигнеме само преку влегување во сојуз со големите светски сили, како рамноправна членка со право на глас.“ – стои во соопштението од СДСМ-Струга
Strugaonline
Facebook Коментари