ВМРО ДПМНЕ, ОК СТРУГА, со честитка до граѓаните за Денот на независноста

- Локални
748

ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите граѓани на Струга им го честита 8ми Септември-Денот на независнота на Република Македонија!

„8ми Септември, 1991 година е датумот кога беше постигнат вековниот стремеж на македонскиот народ  за сопствена и суверена Република Македонија. На тој историски ден, Македонците масовно излегоа на Референдум и гласаа за независна Република Македонија, а со тоа го исполнија аманетот на нашите херои од минатото.

И денес, како и низ историјата, Република Македонија повторно е ставена пред бројни предизвици, но сите ние, со гордо исправени глави , ќе продолжиме да се бориме, секогаш на браникот на татковината, за нашите идеали, за идеалите на нашите идни генерациии, за слободна и независна Република Македонија!

Нека ни е честит и вековит 8ми Септември-Денот на независноста на Република Македонија! Нека ни е вечна Република Македонија!“ – стои во честитката од Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, ОК Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари