Министерот Оливер Спасовски во работна посета на Охрид и Вевчани

- Локални
605

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес ќе оствари работна посета на Охрид и охридскиот регион, a во текот на неговиот престој ќе оствари средба и со градоначалникот на Вевчани.

– Во 09:40 часот ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро и сообраќајната полиција каде што ќе оствари работни средби со раководството, а потоа во 11:00 часот ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Свети Наум, а во рамки на посетата во 13:00 часот во општина Вевчани ќе оствари средба со градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, по што ќе следуваат изјави за медиумите-информираат од МВР.

Strugaonline

Facebook Коментари