Министерот за образование Арбер Адеми во посета на Општина Струга

- Локални
1025

Вчера во просториите на Општина Струга градоначалникот Мерко заедно со шефот на кабинетот, а воедно и раководител на Одделението за образование, г. Дашмир Насуфи го пречекаа министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми.

На средбата се дискутираше за проблемите со кои се соочува Општина Струга во областа на образованието и за проектите кои Општината планира да ги реализира во иднина.

После средбата, градоначалникот Мерко заедно со министерот Адеми ги следеа одблиску градежните работи во новата спортска сала кај СОУ ”Нико Нестор “ каде што беа пречекани и од страна на неколку професори на школото на кои им се даде можноста да му поставуваат прашања и да разговараат со министерот за сите предизвици во образованието.

Strugaonline

Facebook Коментари