Taмара Тодевска на 27-ми јули со концерт во Охрид

- Локални
520

Извонредната Тамара ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после Евровизија 2019, во организација на Авалон Продукција, во Охрид.

Концертот ќе се одржи на 27-ми овој месец во Антички театар со почеток во 21:00 часот.

„Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите. “ – информираат од Авалон продукција.

Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се` до извонредните настапи со PROUD околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во ограничен број, од оваа среда (03.07) во 09 часот наутро, онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следниве цени и категории:

ПАРТЕР стоење – 500 денари
SILVER SEATS – 600 денари
GOLDEN SEATS – 700 денари

Strugaonline

Facebook Коментари