MJП Проаква: Злоупотребата на вода е најголем проблем, контролите продолжуваат

- Локални
665

Имајќи во предвид дека високите температури стигнаа во нашиот град потребата за вода за пиење се зголемува паралелно.Oд МЈП Проаква информираат дека  капацитетот на изворите се искористува максимално и активирани се сите пумпи со кои располага претпријатието, се со цел   ниту еден локалитет да нема недостиг на вода за пиење.

„Проблемите со кои се соочуваме при секојдневната работа во оваа летна сезона се многу како нa пример, нередовното плаќање на фактурите, големиот број дефекти во мрежата кои секојдневно се санираат од страна на нашите екипи, меѓутоа како главен проблем што го попречува редовното снабдување со вода секогаш останува злоупотребата на водата за пиење.“ – информираат од МЈП Проаква

Од таму додаваат дека многу корисници ја користат водата за пиење за миење на автомобили,наводнување на парковите и бавчите, за градежни цели, за индустрија и поради големиот капацитет што го исцрпуваат (злоупотребуваат) овие субјекти, се оневозможува снабдувањето на тие домаќинства и бизниси што не ја злоупотребуваат водата за пиење.

„Апелираме до сите граѓани на овие топли денови кога нивото на изворите не е многу високо, да ја користат водата што по рационална само за пиење и лични хигиенски потреби и да не се впуштат кон нејзина злоупотреба бидејќи на тој начин му штетат на претпријатието, себеси и да сите други корисници што живеат во населените места каде што водата стигнува со потешкотии.“- сшои во соопштението од МЈП Проаква.

Тимот на претпријатието предупредува дека контролите ќе продолжат на терен и лицата што ја злоупотребуваат водата ќе се соочат со скапи законски постапки и нема да се толерира никој бидејќи водата е извор на живот и никој нема право никого да лиши од правото да добие квалитетна водата за пиење.

Strugaonline

Facebook Коментари