Време: Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
465

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 28 до 36 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и засилен западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари